Заврши првата смена од летниот камп по веронаука во Рајчица
Во манастирот „Свети Ѓорги Победоносец“, во селото Рајчица кај Дебар заврши првата од предвидените осум смени од годинашниот летен камп по веронаука.
Сестра Ефимија од манастирот во Рајчица изјави дека изминатите денови ги минале во атмосфера на детска радост и љубов со 30-тина девојчиња од Скопје.
- Сите тие, освен што присуствуваа на традиционалните часови по веронаука поврзани со христијанската етика и воспитување, имаа можност, преку соодветен приказ за нивната возраст, да ги допрат и осознаат и најосновните историски лекции во врска со Охридската Архиепископија, а потоа низ песна да се запознаат и со убавината на византискиот мелос. Низ креативните работилници тие ни ја покажаа нивната умешност и имагинација во цртањето на мотиви на тема „Охридската Архиепископија“, вели сестра Ефимија во изјава за МИА.
Децата го посетиле и селото Гари каде имале можност да го видат храмот посветен на пресвета Богородица, како и познатиот Еленски скок.
- Оваа новина во летните кампови по веронаука во нашите манастири да се посетуваат славните мијачки села е исто така важна лекција преку која децата ќе можат одблизу да се запознаат со христијанската историја на овој значаен крај за нашиот народ, истакна сестра Ефимија.
Втората смена почнува во понеделник со педесетина деца од Битола и Велес.
Летниот камп е во знакот на големиот јубилеј „1000 години Охридска Архиепископија“
Ново на Сител
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски