Заврши Летната академија за личен развој, лидерство и демократија во Крива Паланка
Со сертификати за учесниците и завршни говори на младите лидери заврши тридневната летна академија за личен развој, лидерство и демократијата во Крива Паланка финансирана од организацијата „Обединети преку љубов“.
- Во секој поединец кој беше дел од академијата се крие навистина голем потенцијал. Проектов беше едно прекрасно искуство, за време на кое секој од нас стекна нови знаења и вештини. Верувам дека овие три дена исполнети со забава, ентузијазам, позитивност и учење на еден поинаков начин беа прекрасно искуство за секој учесник. Дел од нив ја зголемија самодовербата и слободата при искажувањето на своите мислења и ставови, некои ги усовршија своите лидерски вештини, други научија повеќе за демократијата, но сите ги проширија своите видици и едногласно се согласија дека ни се потребни повеќе вакви настани, истакна Андриана Алексовска, имплементатор.
Дваесет млади девојки и момчиња од Крива Паланка на возраст од 13 до 18 години се беа дел од академијата, под-проект од проектот „Bringing backgrounds“ кој се реализираше минатото лето од страна на „United by love“ .
- Летната академија беше едно големо искуство за мене, научивме многу нови работи преку игри и дискусии, истакна Марија Јакимовска, учесник и асистент.
Лина Рангелова, учесник на академијата, рече дека стекнала големо искуство за личниот развој, лидерството и демократијата, потенцирајќи дека ова искуство многу ќе и значи во натамошниот живот.
Академијата вклучи три тематски работилници за личен развој, со емоционална интелигенција и стилови на комуникација, лидерство, со емпатија, лидерство и лидерски стилови и демократија, со обуки за улога на институциите, значење на демократијата и човекови права, кои се усовршуваа на интерактивен начин, преку дискусии и тематски работилници.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава