-->
-->
Заврши фестивалот „Ин Виница веритас“ во Виница
-->
Со настапот на театарот од Теразије- Белград, Република Србија со претставата „Чај од јасмин“ во режија на Жељко Јовановиќ, синоќа во Виница заврши годинешното седмо по ред издание на меѓунаропдниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“.
Во изминатите пет фестивалски дена беа прикажани тетарски комедии со настап на театриоте од Штип, Велес, Битола и самостојуниот прокет на Бојан Љубенович под наслов „Има една земја“.
- Годинава фестивалот ги собра најдобрите карикатуиристи од земјата и светот. За една од наградите на тема „Светот е мал“ учествуваа 320 карикатури од 47 држави од светот. Првата награда ја освои карикатуристот Махмуд Азајнија од Иран. Посетеноста беше голема што секако зборува и за големиот интерес за фестивалот за хумор и сатира, изјави Славко Данев, директор на Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница.
Во рамки на фестивалот беше промовирана книгата афоризми под наслов „Балканска трансферзала“ на македонски и на српски јазик, отворена изложба од пристигнатите карикатури, а се одржа и работилница на тема карикатира со средношколците од СОУ„Ванчо Прке“ од Виница.
Фестивалот финансиски го помогнаа Министерството за култура, Општина Ви ница и компании од општината
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден