Македонија
21. October 2018 - 9:48

Заврши есенската дератизација во Кисела Вода

Општина Кисела Вода заврши со активностите за есенска дератизација за уништување штетни глодари на својата територија. Со акцијата беа опфатени 3863 шахти, во сите месни и урбани заедници.

- Работните активности на терен ги изврши фирмата „Токси вет“, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, соопшти Општина Кисела Вода.

Акции за уништување на штетните глодари локалната самоуправа  спроведува двапати годишно, напролет и наесен.