Заврши бесплатниот курс по француски јазик во штипската библиотека
Во Националната установа универзитетска библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“ во Штип заврши бесплатниот курс по француски јазик за 70 лица кои го изучуваат овој јазик во рамки на проектот „Француски учиме, македонски читаме, култура спојуваме и развиваме“.
Директорката на НУУБ „Гоце Делчев“-Штип Милена Ристова-Михајловска информира дека проектот беше поддржан од Министерството за култура, а логистички е поддржан од Францускиот институт и од Одделението за образование при општина Штип.
Проектот почна на 9 Мај - Денот на Европа со ликовна колонија во соработка со професорот Никола Бојаџиев и неговите ученици, а штипски културни работници се претставија и пред француската публика во македонската амбасада во Париз.
- Она на што најмногу сакавме да ставиме акцент се овие курсеви. Овие 70 лица бесплатно посетуваа часови по француски јазик, во реализација на Викторија Каранфилова и Марина Рамбабова. Веруваме дека со ова понудивме на некој начин да заживее тоа што некогаш се памети дека постоело во библиотеката, а тоа е француска читална. Ние овој пат го направивме како француско катче, преку бесплатни часови по француски јазик, рече Ристова-Михајловска.
Двете професорки по француски јазик се задоволни од посетеноста на курсот и додадоа дека имале посетители кои имаат само пет години, а и повозрасни лица кои се заинтересирани да го научат францускиот јазик. Посетителите низ игра, боење, учење на француската азбука и боревите го поминале основиот А курс по француски јазик.
Трајче Џамбазовски, на кого двете ќерки му живеат во француски кантон во Швајцарија истакна дека преку овој курс се навратил на она што го учел во основното и средното училиште, а заинтересиран е да ги посетува курсевите по француски јазик доколку ги има во септември.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи