Заврши амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2024 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја заврши амандманската расправа по Предлог-Буџетот за 2024 година. Од вкупо 272 поднесени амандмани од овластени предлагачи, биле прифатени три, од кои еден од опозицијата, додека, од поднесени 15 комисиски амандмани, прифатен бил еден.
По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември.
Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Вкупните приходи во 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и тие се за 10 отсто повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за околу 5,8 проценти повисоки во однос на 2023 година. Вкупните расходи се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или се за 5,8 отсто повисоки во однос на 2023 година.
Растот на економијата е проектиран на ниво од 3,4 отсто, а инфлацијата на ниво од 3,6 отсто.
За плати проектирани се 41,2 милијарди денари, за стоки и услуги планирани се 25,3 милијарди денари, за тековни трансфери и субвенции 215,3 милијарди денари. За социјални трансфери 161,1 милијарди денари, од кои за исплата на пензии 83,6 милијарди денари, а за надоместоци за социјална заштита на најранливите слоеви на населението околу 13,2 милијарди денари.
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
