Одбраната на Деко бара куќен притвор поради влошено здравје, дошол на судење со отворена рана

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба.
Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека „мерката притвор не соодветствува со целта, ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење“.
- Импровизирано третирање во затворски услови гарантира катастрофални последици поради несоодветните услови, особено кога неговото здравје континуирано се влошува - изјави Коцевска.
Таа рече дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот и нагласи дека тој денеска со отворена рана по оперативен зафат е спроведен од болнички услови на судење.
- Ова ги премина сите човечки граници на хуман третман и сметам дека е неопходно да му се укине притворот и да се замени со куќен. Селективна примена на оваа мерка, само на двајца од вкупно 34, кои се товарат за исто дело, иако Дејан е со најлоша здравствена состојба. Мерката притвор не соодветствува со целта, ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење - изјави Коцевска.
Судијката Дијана Груевска-Илиевски рече дека судот е многу добро запознаен со здравствената состојба и поради итност, со негова согласност е однесен на операција во петокот.
- Таму сите лекари рекоа дека се потребни три дена мирување. Тие се поминати и затоа денеска е спроведен. Немаме такви сознанија од затворскиот лекар, а ние постапуваме по тоа - изјави Груевска-Илиевски.
Од Јавното обвинителство рече дека ги сослушале наводите и по разгледување на документацијата, на крајот од денешната расправа ќе одлучат дали ќе се произнесат или тоа ќе го направат писмено.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
