-->
-->
Заврши агонијата на македонските пливачи на ЕП во кратки базени
-->
Заврши настапот за македонските пливачи на Европското првенство во кратки (25.метарски) базени, што се одржува во Копенхаген.
Како и во текот на целото првенство, така и денеска македонските пливачи повторно беа меѓу најслабите.
Ана Јаневска која настапи на 50 метри слободно, исплива време од 27.06 секунди што беше доволно само за претпоследното 63-то место во оваа дисциплина.
Давор Пертовски пак кој пливаше на трката 200 метри делфин оствари време 2:06.89 минути, што не беше доволно да го избегне последното 42.место.
Инаку на шампионатот на кој учествуваат околу 700 пливачи од 45 држави, Македонија ја претставуваа и Миа Крстевска и Љупчо Ангеловски, кои исто така пливаа во рамките на своите можности, но не доволно да се оствари подобар пласман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка