ЗАТВОРЕНИК
Фират Булут работи како обвинител и има сè во животот - големо искуство, прекрасно семејство и почит од неговите колеги и пријатели. Но, еден ден тој се буди и се наоѓа во затвор, обвинет за убиството на неговите сопруга и ќерка. Последното нешто што се сеќава е дека го славеле роденденот на нивната ќерка пред пет месеци - но оттогаш до денот кога се буди, сè во умот му е празно. Без сеќавање и без пријатели да му помогнат, Фират мора да се обиде да го реши убиството на неговото семејство од внатрешноста на затворската ќелија. Неговата единствена трага можеби доаѓа од последниот случај на кој работел пред да изгуби сè одненадеж.
Тој случај е поврзан со Бариш и Саваш Јешари, двајца близнаци и синови на моќен бизнисмен. Откако една ноќ ќе убие една девојка, Бариш го убива и неговиот брат Саваш, така што го фрла од зграда за потоа да го превземе неговиот идентитет со цел да се спаси од затвор. Фират успеал да дознае за оваа измама и од тогаш неговиот живот не е воопшто ист како што бил дотогаш.
Следува опасна игра за откривање на вистината. Игра во која многу работи се нејасни и каде трагите се заплеткуваат во мрежа од лаги. Јазолот е тешко да се отплетка, но за да си го поврати сеќавањето и да сфати што се случило, затвореникот ќе мора да помине долга и напната авантура во потрага по правдата.
Возбудлива и интригантна мистерија. Серија номинирана во категоријата за најдобра светска драмска серија на меѓународните телевизиски награди во Јужна Кореја. Серија која ќе ве држи будни и во исчекување сѐ до самиот крај затоа што ништо не е онака како што изгледа.
Ново на Сител
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка