Затворени продавниците и аптеките во северно Косово

Сите продавници во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, утрово останаа затворени, во знак на протест поради таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според радиото на српски јазик од Северна Митровица, Радио КиМ, во овие општини не работат ниту аптеките, киосците и угостителските објекти.
Претседателот на Здружението на стопанствениците во северно Косово, Радош Петровиќ изјави дека мерките на косовските власти го довеле локалното население на работ на хуманитарна катастрофа.
Косовските власти и медиумите на албански јазик тврдат дека овие дејствија на локалните српски водачи, по инструкции на Белград и со логистика на криминалното подземје и на нелегалната организација „Цивилна заштита“, се со цел да се инсценира хуманитарна криза, што би требала да резултира со дестабилизација на земјата.
Премиерот Рамуш Харадинај минатата недела изјави дека надлежните служби имаат сознанија и докази за плановите на Белград за предизвикување вештачка хуманитарна криза и дека Владата ќе ги преземе сите потребни дејствија за на жителите во тие области да не им недостасува ниедна животна намирница.
Ново на Сител
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
