Loading Video...
Балкан
8. July 2026 - 16:30

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права

Бугарија бара да се укине мониторингот врз нејзиното спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права.

Бугарската претсесателка Јотова на средба со високи претставници на Советот на Европа и раководителот на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, тврдела дека Софија веќе ги има исполнето условите кои го гарантираат правото на здружување.

Бугарија ги создаде неопходните услови за гарантирање на правото на здружување, преземајќи законодавни, институционални и практични мерки кои им олеснуваат на граѓаните во регистрацијата на здруженија. Јотова изрази очекување за скорешно завршување на мониторингот врз спроведувањето на одлуките, со оглед на напорите што ги вложи нашата земја и исполнетите мерки за либерализирање на процесот на регистрација. ‘Неприфатливо е да се поврзуваат технички барања со политички толкувања, истакнала Јотова на средбата. 

Европскиот суд за човекови права досега има изречено 14 пресуди со кои ја обврзува Бугарија да дозволи регистрација на ОМО Илинден-Пирин, најстарата пресуда е од пред точно 20 години, а Софија нема спроведено ниту една. 

Иако одлуките на судот се обврзувачки, сепак судот нема принуден механизам за нивно спроведување, па тоа зависи само од волјата на државата.

Премиерот Мицкоски многупати досега побара Бугарија да споведе барем една од овие пресуди со што ќе покаже волја за одржување на добрососедските односи помеѓу двете држави, но  ќе ги  испочитува и европските вредности.