-->
-->
Затворена сендвичарницата во Делчево од која се затруја осум лица
-->
Сендвичарницата која вчера предизвика труење од гиро на шест ученици и двајца возарсни е затворена од санитарниот и здравствениот инспекторат. Како што информира епидемиологот Надица Ефтимовска, првичните индиции за причинител на труењето со храна е стафилококна бактерија.
-Изврешен е епидемиолошки надзор на сендвичарницата „Кинг“ во Делчево во врска со труење со храна токсоинфекција. Земени се мостри од храна и брисеви од објектот кои се испратeни на микробилогија во Штип, а објектот е привремено затворен. Најверојанто се работи за стафилококно труење, рече Евтимова.
Хоспитализираните во Клиничката болница во Штип се во стабилна состојба, а дел од нив веќе денеска ќе бидат пуштени дома.
Труењето со храна на учениците и на двајцата возрасни беше алармирано вчера во попладневните часови по што со тешка клиничка слика беа транспортирани во Клиничката болница во Штип. Според анамнезата, сите лица консумирале гиро од сендвичарницата во близина на училиштето „Ванчо Прке“ во Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024