Затворен аеродромот на Бали заради пепел исфрлена од блискиот вулкан Раунг
Меѓународниот аеродром Денпасар на индонезискиот остров Бали привремено ја прекина работата заради пепелта исфрлена од вулканот Раунг.
Одлуката за затворање на аеродромот ја донесоа локалните власти, информира агенцијата Ксинхуа, цитирана од ТАСС.
Откако во средата вулканот се активира британската авиокомпанија „Вирџин“ и австралиската „Џетстар“ ги откажаа сите летови до островот. Откажани се вкупни 13 внатрешни и меѓународни летови, вклучувајќи ги и оние до Австралија и Кина.
Ова не е првпат вулканската пепел да ги отежнува воздушните комуникации на Бали. Во јули аеродормот беше затварен неколку пати. Од 9 до 12 јули беа откажани над 900 летови, а десетици илјади лица беа блокирани на островот, напоменува ТАСС.
Вулканот Раунг, висок 3.300 метри, е еден од 129-те активни вулкани во Индонезија - архипелаг што лежи на Тихоокеанскиот огнен прстен, во еден од сеизмички и вулкански најактивните региони на Земјата.
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка