-->
-->
Затрупана жена извлечена жива - Се трага по други исчезнати лица
-->

Дванаесет тима на Брза помош по полноќ интервенирале за повредени луѓе по невремето што го зафати Скопје.
Според информациите на лекарите укажана им е помош на стотина повредени, пациентите се со скршеници, набиеници и посекотини. Спасувачките екипи успеале да спасат и затрупана жена, која за среќа според информациите на лекарите е со полесни повреди.
Во Ургентниот центар било донесено и мртво осум годишно дете, кое лекарите за жал само му констатирале смрт. Екипи на Брзата помош, МВР и АРМ како и екипи на центарот за управување со кризи се на терен и работат на расчистување на пустошот што го остави невремето.
Според официјалните информации од МВР досега се пријавени и шест исчезнати лица, по кои се трага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче