-->
-->
Затекнати малолетници по полноќ во угостителски објект во Битола
-->
Полициски службеници затекнале тројца малолетници по полноќ во угостителски објект во Битола. Полицијата ги предала на родителите, а против угостителот ќе следува пријава.
МВР информира дека ноќеска, во 01.10 часот, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при битолското СВР била извршена контрола во угостителски објекти на подрачјето на Битола.
- За време на контролата, во објект лоциран на улица „Климент Охридски“ биле затекнати тројца малолетници. Тие се предадени на родителите, а по документирање на случајот против угостителот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска-Давкова: Не е време за делби и конфронтации, смртта и болеста не допира сите
-
СДСМ: Граѓаните да ја добијат вистината, а одговорните да одговараат
-
Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
115 лица хоспитализирани во македонските болници, 47 се на лекување во странство
-
Акција на ЈО и МВР за несреќата во Кочани
-
Хронологија на настаните во клубот Пулс, ноќниот клуб каде прекина и пулсот на многу млади животи
-
Веста за катастрофалната трагедија во Кочани го обиколи светот
-
Владата заклучи дека ќе има вонредни инспекциски надзори и ригорозни казни за непочитување на законите