Застрелан Србин во немирите на Косово | ВИДЕО
Медиумите пренесуваат дека еден Србин бил застрелан во северниот дел на Косовска Митровица, каде што во тек е акција на косовската полиција.
Според извори на Косово онлајн, косовската полиција упаднала во една од градските аптеки за да ги провери царинските документи на Косово.
После тоа, луѓето се собрале, изразувајќи незадоволство од акцијата, а ситуацијата ескалираше кога косовската полиција започна да фрла шок бомби и солзавец.
Уапсени се најмалку три лица, а во акцијата беа повредени шест полицајци – пет Албанци и еден Србин, се наведува во соопштението на полицијата, објавено од страна на Коха диторе.
Според последните информации на Косово онлајн, шест Срби биле примени во КВЦ Косовска Митровица.
Во најлоша состојба е маж од Звечан, кој бил застрелан одзади во пределот на градниот кош.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи