Заштитени платановите стебла во Мородвис
Општина Зрновци во соработка со Здружението на граѓани „Движење за одржлив развој“ од Кочани го заврши проектот за заштита и промоција на платановите стебла во село Мородвис, стари над 500 години.
- Овој проект го реализиравме една година во неколку фази, во кои беше изготвен елаборат по кој од Министерството за животна средина и просторно планирање беше добиено решение со кое дрвјата повторно се прогласени за природна реткост согласно Законот за заштита на природата. Потоа се пристапи кон реставрација на 7. платанови стебла кои се прогласени за природна реткост, изјави градоначалник на општина Зрновци Блаже Станков.
При самата реставрација, рече Станков, се постави заштитна ограда од природен материјал, клупи за седење.
Проектот,истакна Станков го реализиравме со финансиска помош од Швајцарската конфедерација преку Програмата за зачувување на природата во Република Македонија за што се инвестирани 650 илјади денари.
Во рамки на проектот за заштита на платановите стебла во Мородвис се изготвени флаери и пропаганден материјал за нивното значење, а поставени се и информативни табли со детален опис за карактеристиките на дрвјата.
Останува за реализација втората фаза од заштитата на платановите стебла во Мородвис, а тоа е конзервација на истите кое треба да се реализира под стручен надзор на екипи од Заводот за заштита на природните реткости, изјави Станков.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра