Запрен е Конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образование
Запрен е Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно образование, објавен на 9 април 2024 од Министерството за образование и наука.
МОН на својата веб-страница објави дека оваа одлука е согласно заклучокот од седницата на Владата во петокот (5 јули 2024) и од причина што ќе следуваат измени и дополнувања на Концепцијата за основно образование.
Како што наведува МОН во објавата за запирањето на Конкурсот, измените на Концепцијата се „во насока на соодветно изучување на научните дисциплини историја, географија, биологија, хемија и физика како посебни наставни предмети, а кои сега се изучуваат интегрирано во наставните предмети „Историја и општество“ и „Природни науки“ (од шесто до деветто одделение)“.
– Истото е со цел учениците потребните знаења, вештини и ставови од овие наставни предмети да ги стекнуваат согласно националните стандарди на крајот од основното образование, како и да се обезбеди меѓународна споредливост на постигањата на учениците на определена возраст во основното образование, наведува МОН.
Во објавата за запирање на Конкурсот кој е објавен пред три месеци, МОН го известува авторот односно авторите кои доставиле ракопис во архивата на Педагошката служба, заклучно со 8 јули 2024 година, дека тој може да се подигне Педагошката служба најдоцна 15 дена од објавата на ова соопштение.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска во петокот на прес-конференција го соопшти заклучокот на Владата за одложување на имплементацијата на дел од Концепцијата што се однесува на седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми, како што рече, „без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите“.
Ново на Сител
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба
-
Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
-
Физичка пресметка помеѓу двајца војници од Кондово и Матка
-
Кривична против 42-годишен скопјанец, физички нападнал полициски службеници
-
Кривична за 38-годишен штипјанец, сторено кривично дело „разбојничка кражба“
-
Лавров по разговорите во Ријад: Не само што се слушавме, туку и се слушнавме
-
Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
-
Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување