Започна одбележувањето на хоризонталната сигнализација во Куманово
ЈП „Водовод“ деновиве започна со одбележување на хоризонталната сигнализација на подрачјето на градот. За оваа намена општина Куманово одвои 2,5 милиони денари. Одбележувањето на хоризонталната сигнализација за прв пат го работи јавно претпријатие, за разлика од претходните години кога одбележувањето го спроведуваа приватни компании.
- По комплетно завршување на техничката документација, добивање дозвола од Бирото за јавни набавки, обезбедување средства и реурси за започнување на оваа работа, од вчера започнавме со одбележување на „Октомвриска револуција“ и „Ленинова“. Планот за работа го добиваме од одговорните од општина Куманово, изјави директорот на претпријатието, Горан Стојковски.
Приоритет при одбележувањето, нагласи Стојковски ќе биде даден на улиците каде се лоцирани, градинки, училишта и здравствени установи. Со одбележувањето на хоризонталната сигнализација ќе се настојува целосно да биде покриено централното градско подрачје и приградските населби на општина Куманово. Согласно, планот, одбележувањето ќе се спроведува два пати годишно.
Еден од проблемите со кои се соочуваа граѓаните на Куманово изминативе години е непостоењето на хоризонтална сигнализација, затоа кумановци постојано преку медиумите апелираа до локалната власт да преземе мерки за одбележување на пешачките премини, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска