Започна акцијата за уредување на стариот градски парк во Куманово
Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ започнаа со акција за расчистување на стариот градски парк во Куманово. Акцијата, најави раководителот на техничко-технололошкиот сектор, Благица Јовановска, информираше дека акцијата ќе трае наредните денови се додека не се исчисти целосно. Во паркот веќе се засадени нови садници и се уредени грмушките. Екипите на претпријатието машински и рачно го уредуваат зеленилото во паркот.
- Планираме отварање нови цветни површини низ градот и се надеваме дека градот навистина ќе биде поубав. Поставуваме и нови контејнери веќе две недели, така ќе се продолжи и во наредниот период. Ги заменуваме со старите кои ги репарираме и повторно ги изнесуваме низ градот онаму каде што имаме потреба, а навистина имаме потреба од поголема количина контејнери за смет. Се надевам дека граѓаните ќе ги почитуваат правилата на однесување во градот, што значи на сметот треба да му биде местото во контејнери, во корпи за смет, изјави Јовановска.
Деновиве екипи на претпријатието интензивно ги уредуваат и парковите, но и островца на повеќе локации во Куманово. Урбаната опрема ќе се поставува континуирано. И во стариот градски парк едно од најубавите зелени катчиња во Куманово ќе бидат поставени клупи во сенките под старите дрвја.
Од претпријатието велат дека размислуваат за проширување на зелените пворшини и формирање нови, проект кој се работи заеднички со општина Куманово. Стариот градски парк е една од најстарите уредени површини во Куманово се наоѓа покрај Липковка река и зафаќа површина од два хектари.
Ново на Сител
-
Вархеји: Меѓувладини конференции идниот месец со Србија и Албанија, можеби и со Македонија
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Од утре дел од образовните асистенти почнуваат со работа
-
Игротеките и училиштата ризик за ширење на заразни заболувања помеѓу децата
-
СДСМ: Мицкоски понуди платформа што самиот не ја почитува
-
ВМРО-ДПМНЕ повика ДКСК и ЈО да го проверат имотот на Филипче
-
ДЗС остана само со еден функционален „Ер трактор“
-
Не се знае кога ќе се делат ваучерите за инвертери