Запленети 18 000 евра откако патници се обиделе нелегално да ги пренесат преку граница
Спречен нелегален изнес и внес на девизи во државата во износ од 18 илјади евра, откако во три различни случаи, царинските службеници при контрола на патници откриле поголеми износи на девизи, коишто спротивно на закон патниците сакале да ги пренесат без да ги пријават.
Во два случаи станува збор за странски државјани кои на излез и на влез во државата на прашање од царински службеници не пријавиле ништо за царинска контрола.
Притоа на влез во државата на граничен премин Богородица, кај грчки државјанин биле пронајдени 14 илјади евра, при што согласно Законот за девизно работење вратени му се 10 илјади евра, а останатите 4 илјади евра се задржани. На граничниот премин Меџитлија пак, при претрес на српски државјанин кој патувал за Грција во внатрешниот џеб од јакната што ја носел на себе, му биле пронајдени непријавени приближно 16.000 евра. Согласно закон на патникот му се вратени 10 илјади евра што странски државјани можат да ги изнесат од државата без да ги пријават, а останатите се задржани.
Спречено е и нелегално изнесување на девизи кај македонски државјанин на излез од државата на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје. Патникот во џебот носел 9.900 евра кои не ги пријавил и за нив не поседувал документација за потекло, при што од страна на царинските службеници согласно закон му се вратени 2 илјади евра - износ којшто македонски државјани може да го изнесуваат, а останатите му се одземени.
Царинска управа
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната