Запленети 100 килограми марихуана, тројца приведени
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал СВР Велес и СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (15.12.2020) по добиени оперативни сознанија односно претходно спроведена истрага во врска со камион во кој пред околу еден месец се транспортирала марихуана, а излетал на патот Скопје-Велес, запленија околу 100 килограми марихуана и приведоа три лица.
Имено, на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“ од страна на полициски службеници биле преземени мерки и активности да се запре возило „бмв“ со скопски регистерски ознаки управувано од Ј.Б., а како сопатник бил неговиот брат С.Б. од село Горно Блаце, но возачот не застанал и се обидел да избега, при што оштетил полициско возило и срушил метален столб на Јавното претпријатије за државни патишта. По дополнително преземени мерки, возилото е запрено и при тоа се лишени од слобода двете лица, а при извршениот преглед во возилото и во багажниот се пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана. Исто така, приведен е и М.И. од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“.
При претрес во домот на Ј.Б. е пронајдена една полуавтоматска пушка, за што исто така ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 396 од КЗ.
Истрагата продолжува и се проширува и во координација со Основно Јавно обвинителството - Велес преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на инволвираност на други лица во вршење на кривичното дело.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања до Велибор Манев: Зошто ми го убивте детето?
-
Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Ќе се утврдува дали имало пропуст во лекувањето на кумановецот кој почина вчера по алергиска реакција од аналгетик
-
Криеле 1,5 килограми амфетамин под хауба на „голф“, уапсени две лица од Скопје | ФОТО
-
Бура од прашина во Ново Мексико, отежнато патувањето по автопатиштата
-
Вучевиќ: Испратено е барање до ФБИ и до ФСБ за истрага за употреба на звучен топ на протестот во саботата
-
ДПА: ЕУ денеска го објавува планот за спротивставување на Русија
-
Шорц со дабл-дабл ефект му донесе победа на Париз над Милан