Ќе се утврдува дали имало пропуст во лекувањето на кумановецот кој почина вчера по алергиска реакција од аналгетик

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и екипа од Министерството за здравство ќе утврдуваат дали имало пропуст во лекувањето на пациентот кој почина вчера во Општата болница Куманово, според првично објавените информации, по алергиска реакција од аналгетик.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе има одговорност доколку има лекарски пропуст.
- За пациентот од Куманово сум известен од вчера, во тек сум. Да бидам искрен анафилактички шок се случува секаде и може да се случи секогаш. За жал, некогаш анафилактичкот шок може да заврши и да почине пациентот. Според информациите што ги имам пациентот имал анафилактички шок, можеби се знаело можеби не се знаело за некој лек, некој лек може го примал пациентот порано и да не бил и да не реагира промпно имунолошка реакција да има организамот. Веќе од наутро е потпишано да оди Државната санитарна инспекција, се надевам дека се таму, после еден или два часа ќе оди и професионалната екипа од Министерството за здравство да ги видат сите детали и ќе ве известиме. Доколку има лекарски пропуст сигурно ќе има и одговорност, рече Таравари, на новинарско прашање на прес-конференцијата за најновата состојба на пациентите од пожарот во Кочани.
Триесет и двегодишниот кумановец кој се јавил во Kумановската болница поради стомачни болки починал во 11 часот вчера, а обидите за реанимација биле неуспешни. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид и извршиле разговор со сите присутни медицински лица.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
