Почна реновирањето на родната куќа на Хитлер, ќе биде полициска станица
Во Австрија вчера почна реновирањето на куќата во којашто во 1889 година е роден Адолф Хитлер. Одлуката за обнова и пренамена на зданието во Браунау ам Ин, град близу австриската граница со Германија, беше донесена во 2019 година.
Од 1970-тите тој простор се користел за згрижување возрасни со попреченост, но во 2011 година е напуштен и останал празен.
Куќата ќе биде претворена во полициска станица, со цел да биде непривлечна како место за собири за оние кои го величаат нацистичкиот диктатор. Градежните работници веќе поставија ограда и почнаа со мерења за градежни работи. Се очекува полицијата да се смести тука во 2026 година.
На проектот за пренамена му претходеше повеќегодишен спор околу сопственоста на куќата. Тоа прашање беше решено во 2017 година кога највисокиот австриски Суд одлучи дека Владата има право да ја експроприра градбата откако сопственикот одбил да ја продаде. Предлогот за уривање на објектот, се наведува, е одбиен.
Ново на Сител
-
Големо враќање на светската политичка сцена - Трамп пристигна во Париз
-
Речиси 400.000 Ирци останаа без струја поради бурата Дара
-
Гвардиола: Ако Мурињо беше навреден од моите зборови, се извинувам, но тоа беше само шега
-
Планинската спасителна служба Охрид: Внимателно на планините викендов
-
Јужнокорејскиот претседател рече дека жали што предизвикал загриженост и непријатност со прогласувањето воена состојба
-
Над 250 албански интелектуалци во Северна Македонија со отворено писмо до Уставниот суд
-
Одложено градското дерби Евертон – Ливерпул
-
Фонсека ги обвини судиите за поразот од Аталанта