Почна реновирањето на родната куќа на Хитлер, ќе биде полициска станица
Во Австрија вчера почна реновирањето на куќата во којашто во 1889 година е роден Адолф Хитлер. Одлуката за обнова и пренамена на зданието во Браунау ам Ин, град близу австриската граница со Германија, беше донесена во 2019 година.
Од 1970-тите тој простор се користел за згрижување возрасни со попреченост, но во 2011 година е напуштен и останал празен.
Куќата ќе биде претворена во полициска станица, со цел да биде непривлечна како место за собири за оние кои го величаат нацистичкиот диктатор. Градежните работници веќе поставија ограда и почнаа со мерења за градежни работи. Се очекува полицијата да се смести тука во 2026 година.
На проектот за пренамена му претходеше повеќегодишен спор околу сопственоста на куќата. Тоа прашање беше решено во 2017 година кога највисокиот австриски Суд одлучи дека Владата има право да ја експроприра градбата откако сопственикот одбил да ја продаде. Предлогот за уривање на објектот, се наведува, е одбиен.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани