Македонија
6. August 2015 - 9:28

Заменик-министерот Костадиновски во Прилепско

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска ќе ги посети поплавените места во Прилепско.

- Обиколката на настраданите општини од невремето од пред три дена, ќе почне од Мало Коњари во 13.30 часот, информира Министерството за земјоделство, шумарство и земјоделство.

Заменик-министерот Костадиновски ќе го посети и Мажучиште.