Живот
27. November 2015 - 15:52

Залепи пари на оделото и прошета низ град - бездомникот сите ги воодушеви

Ова е социјален експеримент кој покажува колку е човекот алчен кога станува збор за пари. Едно момче се залепи со пари и прошета низ градот, а сите кои го видоа и се одлучија да земат пари, земаа поголема сума, иако по нив се гледаше дека пари секако не им недостасуваат.

Она поради коа ова видео стана популарно и го трогна светот е фактот дека бездомник кој го виде момчето зема само онолку колку му треба и му рече да ги подели парите и со други луѓе.

Заклучокот е јасен: Човек си и богат си кога знаеш колку ти е доволно, без да бидеш алчен за повеќе не мислејќи на другите.