Бизнис
4. April 2018 - 8:27

Законот за финансиска поддршка на инвестиции пред собраниската Комисија за економски прашања

Членовите на собраниската Комисија за економски прашања денеска ќе разгледуваат Предлог - Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Со Законот се овозможува примена на мерките од првиот и вториот столб од Планот за економски раст, усвоен од Владата во декември 2017 година. Планот за економски раст е креиран во соработка со Стопанските комори, академската заедница и невладиниот сектор. Беа организирани повеќе активности и јавни трибини на кои се дискутираше за мерките од планот, а Законот беше јавно достапен на увид и преку Единствениот електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР).

Овој Предлог - закон овозможува државна финансиска поддршка за нови инвестиции и нови подобро платени работни мести, технолошки развој и внесување иновации на компаниите, со што ќе се зголеми конкурентноста на македонските компании, а целта е да се зголеми извозот и да се постигнат повисоки стапки на економски раст на македонската економија.

Комисијата за економски прашања треба да расправа и за измените и дополнувањата на Законот за Државен пазарен инспекторат, двата во прво читање.