Македонија
15. March 2019 - 16:59

Законите донесени со двотретинско мнозинство од понеделник во Службен весник

Претседателот Ѓорѓе Иванов вчера вратил уште 4 закони во парламентот кои биле донесени на седницата на 7 март, а на кои се користи новото државно име, потврди собранискиот спикер Талат Џафери. Со тоа вкупната бројка на вратени закони откако беа донесени уставните измени се искачи на 15. Од нив, три закони се донесени со 2/3 мнозинство. Очигледно е дека Иванов ќе го заврши својот мандат без да да потпише указ на кој стои името Северна Македонија.

Џафери најавува дека сите закони, освен оние кои се донесени со квалификувано мнозинство, ќе бидат ставени на прегласување за 10тина дена.

Неофицијално трите „двотретински“ закони кои се од областа на судството наредната недела ќе бидат директно објавени во Службен весник само со потписот на Џафери. За прегласаните закони во игра се две опции: и тие да бидат објавени со параф на Џафери или пак, да се чека новиот шеф на државата.

Собранискиот спикер смета дека прегласувањето на законите нема влијае на евроинтеграциските процеси иако дел од нив се реформски.

За власта, непочитувањето на новото име на државата е непочитување на Уставот, за опозцијата Иванов имал право да ги врати законите бидејки тоа му го овозможува највисокиот законски акт.