Закажано првото судско рочиште за Пендиков
Охридскиот Основен суд за 28 февруари го закажал првото рочиште против лицето кое е обвинето за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди, објави „Телма“.
Основното јавно обвинителство – Охрид пред десетина дена поднесе обвинение против две лица за нападот врз Пендиков.
Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информирале од Обвинителството, тој се товари за ова кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет засега е недостапен и по него се трага.
Инцдентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.
Ново на Сител
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите
-
ДУИ од утре на средби со граѓани
-
Антикорупциска отвори предмет за назначувањето новиот директор на АНБ, Бојан Христовски
-
230 луѓе останаа без дипломатски пасоши, меѓу нив и претседателот на ФФМ
-
До крајот на месецот средба на мешовитата македонско–бугарска историска комисија
-
Судскиот совет одлучи: Јавен укор за судијката Спировска-Панева