Закажано продолжение на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница
Во Основниот суд во Тетово денеска треба со почеток во 10 часот треба да се одржи рочиште во судскиот процес за пожарот во тетовската модуларната болница. Судењето требаше да почне на 6 септември, но беше презакажано за денеска, откако судијата Јордан Велковски го одложи почетокот на процесот поради отсуство на двајца од тројцата обвинети.
Од обвинетите на првото рочиште присутен беше тогашниот директорот на Клиничка болница Тетово, Фљорин Бесими, додека отсутни беа економскиот директор Артан Етеми и докторот Бобан Вучевски.
До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд – Тетово. Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинженер и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.
Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше обвинителството.
Тогашните двајца директори на тетовската болница поднесоа оставки, но останаа на функциите се до преструктуирањето во Владата. Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути до темел го изгоре објектот, животот го загубија 14 луѓе, а повеќе пациенти беа тешко повредени.
Ново на Сител
-
ВЛЕН во центарот на Дебар му оддаде почит на Андреј ДНК
-
Авиoн на грчкoтo воeно воздухопловство вечервa од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени
-
Во Пустец оддадена почит на загинатите во трагедијата во Кочани
-
Уште 12 повредени префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија
-
Српскиот град Чачак на ЛЕД екраните низ градот го истакна македонското знаме
-
Притвор за Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување
-
„Заедно седеа во клупа, заедно заминаа кај ангелите“, наставничка емотивно се прости од Никола и Матеј кои загинаа во пожарот
-
„Ројтерс“ објави ВИДЕО од багери кои ги копаат гробните места на посебно место во гробиштата