Во Пустец оддадена почит на загинатите во трагедијата во Кочани

Македонците во општина Пустец денеска им оддадоа почит на трагично загинатите во трагедијата во Кочани.
Општинската администрација, наставниците и учениците од гимназијата и партијата Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) со едноминутно молчење изразија почит кон жртвите.
На плоштадот „Гоце Делчев", пред црквата Свети Архангел и Михаил жителите на Пустец запалија свеќи во знак на почит, а свештеникот Алекс Темелко се помоли за покој на душите на загинатите и здравје и брзо закрепнување на повредените.
- Со искрена болка изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Бог да ги прости и да им подари вечен мир во Царството Небесно. Македонците од Албанија се молат за душите на загинатите и за брзо закрепнување на повредените.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со Кочани. Нека почиваат во мир, рече отец Темелко.
Заедно со Македонците почит на загинатите во несреќата во Кочани им оддаде и Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
Ново на Сител
-

Шест волови од кривопаланечко залутале во Бугарија, за нивната судбина ќе одлучуваат бугарските институции
-

Половината ваучери за инвертер клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април
-

Без вода корисниците на потегот од фонтаната во Градски Парк до Влада
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026
-

Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег
-

Уапсен 21-годишен скопјанец, при претрес пронајдени се 19 паковки со кокаин
-

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае
-

Вчеравечер почувствуван земјотрес од 5 степени по Рихтер во југоисточните делови на Македонија
