Загина тракторист во сообраќајка во село Баница
Претпладнево во селото Баница, кај Струмица, на патот Струмица-село Баница - село Вељуса во сообраќајка загина тракторист, а сопатникот кој се превезувал со него е повреден.
Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица, од каде информираа дека денеска околу 09:45 часот се случила сообраќајната несреќа меѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски таблички управувано од Л.Р. (72) од село Вељуса и трактор „ИМТ 539“ управувано од починатиот Д.С. (43) од село Баница.
-Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, додека со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица, информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а во расчистувањето на последиците од сообраќајната несреќа учествувала и екипа на ТППЕ Струмица.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Мицкоски - Борисов
-
Тема на денот со Антонио Милошоски
-
Преглед на вести од светот
-
Ахмети му пиша на Мицкоски: Ситуацијата е сериозна
-
Борисов победник на изборите во Бугарија – Неизвесно формирањето на нова Влада
-
Од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина, интензивно се работи на Гостивар – Букојчани
-
Јокширски мост во Кратово пред распаѓање – се грижи ли државата за спомениците на културата?
-
Кочанчани го блокираа патот кој води кон депонијата