-->
-->
Загина 30-годишен велешанец на автопатот Скопје – Велес
-->
Загина 30-годишен велешанец, а девојка и малолетничка завршија во болница откако со автомобил излетале на автопатот Скопје – Велес.
- На 10.05.2023 околу 00.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(30) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди С.Н. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила Б.П.(19) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес, констатирани во болницата во Велес, информира МВР.
Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување