Заев, Жерновски и Гзим Острени немо го гледаа нагрдувањето на спомен обележјето на АСНОМ-ците
Хулиганите на СДСМ продолжуваат да ги сквернават спомениците кои во себе ја носат вредноста на македонската историја.
Нивна “жртва“ беше и спомен обележјето на АСНОМ-ците.
Додека хулиганите дивееја, лидерот на СДСМ Зоран Заев, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и Гзим Острени некогашниот воен командант, немо го гледаа сквернавењето на овој значаен за Македонците споменик.
Заев покажа дека воопшто не му е грижа, ниту денес ниту изминатиов период и наместо да го осуди ваквото вандалско однесување, тој застанува на протест рамо до рамо со хулиганите.
Среде Центар, на градоначалникот Андреј Жерновски не му пречеше ваквото насилие. Ниту тој не испрати осуда за сквернавењето и дивеењето во општината со која раководи.
Во паркот Жена Борец, спроти Собранието, се поставени скулптурите од спомен обележјето кое го симболизира одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. Автор на делото е Слободан Милошески, кој има работено и на фасадите на новата згрдаа на МНР, Стариот театар и Мостот на уметноста.
Спомен обележјето е изградено за истакнување на силна почит кон Кирил Петрушев и Емануел Чучков, Панко Брашнаров, офицерите Тихомир Милошевски и Тодор Стојанов – Ѕвездин, Киро Глигоров и Веселинка Малинска, како секретари, Бане Андреев, Методија Андонов – Ченто и Махајло Апостолски.
Ново на Сител
-
Баерн загуби на домашен терен од Баер, Нојер доби црвен картон
-
Палејќи оган да се затопли ја запалила куќата, 82 годишна жена загина во пожар во Косевица
-
Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година
-
Гвардиола: Веројатно многу личам на Мурињо...Но тој освои три, а јас шест титули во Премиер лигата
-
Леао: Фудбалерите на Милан на натпреварот против Сасуоло покажаа што сакаат оваа сезона
-
Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
-
Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров