Заев: Во најкраток рок ќе се обидеме да составиме влада
Мандатарот за составување на новата влада Зоран Заев денеска по добивањето на мандатот од страна на претседателот Ѓорге Иванов изјави дека во најкраток можен рок ќе се обиде да го состави владиниот кабинет.
Тој во изјава за медиумите се обврза дека новата влада ќе биде проевропска и ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани со почитување на мултиетничноста и Охридскиот договор.
- Ќе работам, како и досега, со целото срце и да ги оставиме разликите, омразата и деструктивните политики. Се обврзувам дека ќе работам со сите и новата влада ќе биде влада на сите граѓани, рече Заев.
Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека ќе преговара со ДУИ, Алијансата на Албанците и БЕСА и оти посакува сите тие да бидат учесници во новата влада.
Во однос на укинувањето на екстерното тестирање со кое се опфатени учениците од основното и средното образование, Заев рече дека тоа е дадено ветување пред граѓаните и оти се надева дека пред првиот екстерен испит со одлука или со закон ова тестирање да биде отстрането.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот