Заев: Ве повикувам заедно да ја прославиме поканата за НАТО на 14 јули во 15 градови низ Македонија
Премиерот Зоран Заев утринава, пристигнувајќи на вториот ден на самитот на НАТО, ги повика граѓаните на Македонија на 14 јули на заедничка прослава во 15 градови низ земјата за да прослави поканата за НАТО како голем успех за сите граѓани.
-Од денеска Македонија оди само напред а граѓаните нижат уште еден голем испех. Честито Македонија. НАТО одлучи да биде врачена покана да станеме 30 членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји на светот. Ова е покана за полноправо членство во најголемиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваривме нашите заеднички страшетки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Да продолжиме да чекориме до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме “да” за нашата иднина и за македонската иднина. Ве повикувам во сабота, на 14 јули, да прославиме заедно во градовите низ Македонија. Владата подготвува прослави во 15 градови каде што со домашна музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, изјави Заев во своето обраќање до граѓаните.
Потоа тој додаде дека ова е исполнување на нашите децениски стратешки цели:
-Самата покана, чекорењето напред, самиот почеток на датумот за преговори за ЕУ се исполнување на нашите стратешки цели и нашите деценски соништа како народ, нација како Република Македонија. Јас сум убеден дека нашиот народ силно ќе ја поддржи оваа иднина затоа што тоа ги заслужуваме таа иднина. Уверен сум дека на следните чекори, на рефердумот, граѓаните ќе испратат сериозна порака во момент на исправеност пред својата иднина. Уверен сум дека граѓаните се најголемите поддржувачи на иднината на Македонија во НАТО и ЕУ, вели тој.
На прашањето дали добил пораки од светските лидери на синоќешната вечера со земјите членки во Брисел Зааев рече:
- Ова се луѓе што го водат светот, најголемите светски лидери – престедателот Трамп, канцеларката Меркел, претседателот Макрон.... да не зборувам за сите светски лидери. Јас сум многу среќен што го доживеав тој момент кога ги гледав среќни сите овие светски водачи заради Македонија. Сите на некој начин пријдоа, честитаа, посакаа успех, понудија помош и поддршка. Среќен сум што го доживеав моментот да ја водам извршната власт во Република Македонија кога на Македонија и се случуваат вака убави величествени работи, рече макеоднскиот премиер
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово