Заев: Со договор за името Македонија ја впишуваме во катастар, добиваме ЕУ и НАТО, пари, економска стабилност...

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев за време на денешната посета во Битола истакна дека очекува добри вести од Атина и престојот на министерот за надворешни работи Никола Димитров на меѓународна конференција што е во тек во близина на главниот грчки град.
Оптимизмот, рече Заев, го темелам на аргументации и врз основа на тоа што досега успеавме да постигнеме.
- Среќен сум што можам да кажам дека имаме успеси кои 27 години никој не успеал да ги постигне, а целосно ќе бидам среќен ако проблемот се реши, а притоа се сочува достоинството и идентитетот на македонскиот народ и држава. Тоа е многу важно, бидејќи треба да се знае што добиваме, а добиваме перспектива, добиваме иднина, добиваме имотен лист, ќе впишеме во катастар Република Македонија, ќе добиеме НАТО и ЕУ, граѓаните ќе добијат повеќе пари, економска стабилност. Сето тоа за мене е чин на патриотизам, и јас верувам дека сите чинители, заедно, ќе го направиме чекорот за да се надмине ова последно отворено прашање кое го има нашата држава, а потоа растоверени да се посветиме на перспективите, изјави премиерот Заев на прес конференција во Битола.
Според премиерот Заев, очекувањата се да има решение и, како што рече, очекувам да имаме решение пред да одлучува Европскиот Совет, а тоа е крајот на јуни, бидејќи тогаш ќе бидеме сигурни дека ќе добиеме датум за преговори, а познато е дека поканата од НАТО е по автоматизам.
-Се се сведува на донесување на решение пред самитот на ЕУ, што ќе се одржи кон крајот на јуни, нагласи Заев.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
