Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
МИА
Ново на Сител
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Љубљана пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар
-

Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела и организации
-

Калас: ЕУ мора да ги преиспита односите со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран
