Заев се откажа од лидерска средба
Премиерот Зоран Заев не гледа причина да свика лидерска средба по денешната објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
Одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Заев рече дека имал намера да свика лидерска средба на која би информирал за ситуацијата со Бугарија, но по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицковски дека на средбата ќе се разговара за техничка влада, за неспособноста на здравствениот систем и за неуспехот со Бугарија, не гледа причина за свикување на ваква средба.
– За што да свикам лидерска средба? Јас не се согласувам воопшто со ова затоа што Владата покажа пример на пријателство и продолжува да гради пријателство. Покажа дека ги има своите црвени линии и никогаш не помислува да погази било какви интереси. За жал не ја добиеме првата меѓувладина конференција, која варувам дека ќе ја добиеме час поскоро затоа што целосно ја заслужуваме. 26 земји членки се комплетно позади нашите позиции. Успешно се справувавме и со здравствената криза, еднакво и многу подобро од многу други земји, рече Заев, додавајќи дека ќе бара други алатки за информирање.
Коментирајќи го ставот на опозицијата дека нема да присуствува на лидерска средба свикана од претседателот на државата, Заев со став дека таквиот однос е несоодветен.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски