-->
-->
Заев сака продолжување на агонијата - бара одложување на изборите
-->
Опозицискиот лидер Зоран Заев бара одложување на изборите кои треба да се одржат на 24-ти април, што практично значи продолжување на агонија и продолжување на неговото деструктивно сценарио со кое ја држи целата земја во заложништво, брифираат извори од преговорите.
По шестчасовни интензивни преговори на лидерската четворка во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во Пржино, со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан, нема никакво навестување каков би можел да биде исходот од состанокот.
Извори на Курир велат дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се за избори на договорениот датум и трите партии предложиле уште многу предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но Заев се плаши од народот и бега од соочување со неговата волја.
Заев е целосно изолиран во таквите негови нерационални барања и сите се обидуваат во тешка атмосфера да го убедат да биде рационален и да ги стави државните интереси пред лицните и партиските.
Дел од медиумите веќе објавија дека еврокомесарот Јоханес Хан бил наклонет изборите да се одржат во договорениот термин, односно на 24-ти април. На состанокот покрај четворицата лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, присутни се и американскиот амбасадор Џес Бејли и преговарачот делегиран од ЕУ Питер Ванхауте.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За состојбата на државниот буџет - Гостинка во вестите Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии
-
Бугарското МНР со порака до Скопје: Процесот на интеграција се заснова на заслуги, посредувањето не е дозволено
-
БиХ брои жртви по катастрофалните поплави
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“