Македонија
15. July 2019 - 13:50

Заев: Останувам на ставот за редовни избори

Останувам на ставот за одржување на редовни избори, најрано што би прифатиле се октомври 2020 година. Се претходно може да биде изгубено време за економски напредок, рече премиерот Зоран Заев на денешната пресконференција. Тој сепак, не ја исклучи можноста да се разговара и за ова прашање.

- Ние ги предлагаме овие три теми, а секој лидер може да си отвори тема која смета дека е во интерес на граѓаните и државата. - рече премиерот Заев. 

Сепак смета дека за сите три прашања: изборен законик, попис и законот за јавното обвинителство се сериозни и потребни теми за кои треба да се разговара. И покрај тоа што ДУИ ја отворија можноста за предвремени избори на пролет 2020 година, Заев вели дека односите со коалицискиот партнер се одлучни и наскоро очекува договор за кадровските смени во вториот и третиот ешалон.

 
 
 
Катерина Нешкова