Заев: Недозволиво е употреба на дрога кај советник во кабинет на највисоко ниво

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е информиран за разрешувањето на советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, оценувајќи дека не може лице на такво високо ниво да биде поврзано со недозволени активности.
Тој смета дека брзо е реагирано со оглед дека вицепремиерот вчера разбрал од медиумите.
– На работен состанок, првиот заменик претседател на Владата ме информираше директно мене. Недозволиво е употреба на дрога кај советник во кабинет на највисоко ниво. Веднаш презеде дејствија уште денеска да го разреши поради таа одговорност. Ме информираше на редовниот состанок утрово после седница на штабот, кај 10 часот, имавме состанок и тој вчера разбрал од медиумите, рече Заев од Тетово кој беше во новите простории на Државниот пазарен инспекторат.
Одредени медиуми објавија дека пејачот Шпат Касапи пред еден месец, бил фатен со пакетчиња кокаин во населбата Ѓорче Петров во Скопје. Тој ги негираше сите обвинувања, велејќи дека тие се само клевета.
Ново на Сител
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина
-

АХВ одбележува 15 години постоење
-

Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност
-

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран
-

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
