Заев: Националистичките проекти немаат иднина на Балканот

Претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за агенцијата „Танјуг“ нагласува дека секогаш кога ќе затаи Европа, кога не го испорачува тоа што го ветила, се појавуваат националистички, етноцентристички проекти на Балканот и дека тоа било и во минатото така и сега.
„Јас тврдам дека децата на многу луѓе што загинаа во војните на Балканите сега се возрасни луѓе, интелектуалци, и тие ја носат својата загуба внатре и сметам дека мнозинството од нив гледаат кон иднината, кон заедништвото, кон соработката. Не ни треба нови непријателства, национализми или етноцентризми. Наспроти нон пејперите кои поттикнуваат такви визии, јас верувам дека можеме да го направиме заеднички Балканот заедница каква што е денеска мултиетничка Македонија. Во еден период заедно сите ќе влеземе во ЕУ. Ние имаме што да ѝ дадеме на ЕУ и јас многу верувам во тоа“, порачува премиерот Заев во интервјуто за „Танјуг“.
Тој во продолжение истакнува дека радикалните национализми во Македонија, кои што порано ги имаше многу, сега исчезнуваат. Партии кои се залагаат за Илирида не можат да добијат ни претседател на месен одбор, а не советник или градоначалник на избори.
„Немаат поддршка ваквите проекти затоа што денеска нема непријателство помеѓу Македонците и Албанците, и меѓу сите други во земјата. Ние сме пример на соживот и верувам дека на ова како на модел ќе се гледа со сѐ поголемо одобрување“, вели премиерот Заев за „Танјуг“.
Ново на Сител
-

Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
