Заев на учениците им порача никогаш да не престанат да поставуваат прашања
Премиерот Зоран Заев им посака успех во учењето на сите првачиња на почетокот на учебната година и им порача никогаш да не престанат да поставуваат прашања и секогаш да останат љубопитни и жедни за знаење.
Премиерот Заев, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, присуствуваа на приредба по повод првиот училишен ден во ОУ „Ацо Шопов“.
- Првиот школски ден е еден од најважните денови во животот на секое дете и ние возрасните се сеќаваме на него. Во тоа име им посакувам среќен прв школски ден на сите дечиња што почнуваат во новата учебна година, а на наставниците успешна школска година, изјави Заев.
Посочи дека институциите будно ќе следат во обезбедување на што е можно поквалитетни услови за настава. На наставниците премиерот Заев им порача никогаш да не ги игнорираат индивидуалните посебности на децата, да одговараат посветено на прашањата на учениците и да го пренесуваат своето знаење несебично зошто така градиме нови генерации кои ќе водат грижа за нашето општество.
Министерот за образование и наука Адеми рече дека почетокот на учебната година претставува предизвик за сите нас, за институциите, наставниците, децата и родителите.
- Работиме напорно да обезбедиме за најмладите ученици и идните генерации европска Македонија и европско образование, рече Адеми.
Ново на Сител
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието