Заев: Можно решение за името пред самитот на Советот на ЕУ
Мораме да водиме грижа и да бидеме креативни во изнаоѓање на решение за името. Многу е важна временска рамка за носење на одлуките, вели премиерот Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
- Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка и тогаш се отвара и Уставот, можеби и тука е решението, поради тоа што знаете дека Грција бара и промена на Уставот, заради промената на уставното име. Јас сум убеден дека креативноста ќе ги изнајде овие решенија, истакнува премиерот во интервјуто.
На прашањето дали сè уште е оптимист дека проблемот што го имаме со Грција околу името ќе биде решен до самитот на ЕУ во јуни, тој вели дека е оптимист и дека оптимизмот го води и верува дека е од огромна помош за да гледа храбро, внимателно и суштествено на овој сериозен процес. - Сериозен, оти еве 27 години постои, а не се решил. Верувајќи дека навистина е вистинско време за решение и фала богу не сум сам оптимист, има и други оптимисти во државата, пред сè луѓето кои ми помагаат, мнозинството граѓани во нашата земја, додава Заев.
Во интервјуто посочува дека е можно да се дојде до решение пред Самитот на Советот на ЕУ.
- Јас сум поприлично убеден, кога веќе дојдовме до овие скалила до кои сме дојдени, дека е можно решение пред самитот на Советот на ЕУ, посочува премиерот Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето