Заев ќе разговара со Мицотакис за Преспанскиот договор, НАТО и ЕУ
Премиерот Зоран Заев рече дека претстојниот НАТО самит и имплементацијата на Преспанскиот договор секако ќе бидат дел од темите на кои ќе разговара денеска во Солун со Мицотакис, иако станува збор за учество на економски форум.
– На форумот во Солун очекувам да разговараме за економски теми, но секако ќе поразговараме и за европската агенда. Јас сум благодарен што Грција е директно и позитивно вклучена во унапредувањето на нашата европска агенда. Ќе разговараме за претстојниот НАТО самит, но и за имплементацијата на Преспанскиот договор, изјави Заев по отворањето на Македонско-рускиот бизнис форум.
На новинарско прашање дали ако не добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, Кина и Русија може да бидат опција, Заев потенцира дека единствена алтернатива за земјава се ЕУ и НАТО.
Премиерот беше дециден дека реактивирањето на Мешовитата меѓувладина комисија со Русија не значи никаков наводен одговор кон ЕУ, туку единствено заложба за интензивирање на економската соработка.
– Ова не е никаква порака. Работиме на подигнување на нашиот стандард. Треба да правиме се што носи бенефит за нашиот народ. Верувам дека аспирациите на земјава ќе се исполнат, но и дека паралелно ќе постигнеме економски просперитет, подвлече Заев.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите