Заев: Инвестициите во енергетика се високо на владината агенда
Премиерот Зоран Заев во рамки на Првиот Економски Форум во Скопје, оствари средба со Ари Наим, регионален менаџер за Централна и Југоисточна Европа на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Масимилијано Паолучи директор на канцеларијата на Светска Банка во земјава.
Премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, искажал задоволство од досегашната соработка со Светска Банка и искажал уверување дека постои голем потенцијал за продлабочување на истата во областите за кои ИФЦ поседува експертиза, искуство и знаење.
– Одржливата или зелена енергија е меѓу нашите приоритети. Се реализира една од најголемите инвестиции во енергетиката, 70 милиони евра за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј. Македонија како одлична дестинација за инвестиции во фотонапонски централи, како и посветеноста на Владата во спроведување на правична енергетска трансформација, која во земјата се одвива преку неколку важни енергетски проекти кои се очекува да ја раздвижат економијата, рече Заев на состанокот.
Во фокус на дискусијата била важноста од зголемување на конкурентноста на приватниот сектор и креирање поволен деловен амбиент за инвестиции особено во енергетиката и обновливите извори.
– Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) е долгогодишен партнер на Владата на Република Македонија и ги поддржува нејзините активности во спроведувањето на клучните реформи. Фокусот на ИФЦ е Македонија да овозможи динамичен и конкурентен приватен сектор. Повеќе од било кога е потребно привлекување на свежи приватни инвестиции, а ние гледаме можности за Македонија во секторите како обновливи извори на енергија, производство и услуги. ИФЦ е посветена на поддршка на оваа агенда преку инвестиции и советодавни услуги, рече Ари Наим, регионален менаџер на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран