Заев и Могерини од Стразбур заедно во Скопје
Премиерот Зоран Заев и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини од Стразбур заедно доаѓаат во Скопје.
Заев на Фејсбук профилот објави фотографија од него и Могерини во авион за Скопје и порача дека високата претставничка на Унијата уште еднаш доаѓа во земјава за да даде поддршка за нејзината европска иднина.
- После моето обраќање во Европскиот парламент во Стразбур, заедно со мадам Федерика Могерини доаѓаме во Македонија. Нашата пријателка Федерика уште еднаш ќе даде поддршка на сите граѓани за нашиот заеднички пат кон европското семејство, објави премиерот.
Тој претходно денеска во ЕП се обрати на македонски јазик и истакна дека ова е прво обраќање на македонски премиер на македонски јазик во европскиот пратенички дом.
- За нашиот македонски народ ова е историски момент. Ова е прв пат, еден премиер на нашата земја да одржи говор пред Европскиот парламент, на својот, мајчин јазик, рече Заев.
Премиерот Заев на европратениците и членовите на Европската Комисија присутни во салата ја објасни важноста за Македонија на склучувањето на Преспанскиот Договор, заблагодарувајќи му се и на неговиот грчки колега, Алексис Ципрас.
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, ќе има средба со премиерот, а потоа предвидени се кратки изјави за медиумите пред ресторан „Наргиле“ во Старата скопска чаршија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
