Заев и Георгиевски во посета на село Црешево
Комплетно нова фекална и атмосферска канализација ќе добие село Црешово во Гази Баба, најави денеска кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ Борис Георгиевски, кој заедно со премиерот и претседател на партијата Зоран Заев го посетија ова населено место.
Локалната власт во заминување, според нив, заборавила на инвестициите во инфраструктурата во овој дел од општината.
Георгиевски посочи дека Црешово ќе добие нов детално-урбанистички план за викенд населбата, просторија за пензионерите во Пожарниот дом, регулирање на речното корито, спортско-рекреативен центар како и просторија за пензионерите.
Кандидатот за градоначалник на Гази Баба вети дека по 29 октомври ќе нема повеќе раскопани и неасфалтирани улици, нема да има проблем со водоснабдувањето, со фекалната и атмосферската канализација.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел